| четврток, 6 декември 2018 |

Мртов маж пронајден на излезот од Костурино

stop-policija-652

На излезот од село Костурино кон Валандово, утрово околу 6 часот е пронајдено мртво машко тело, јави радио „Струмица нет“, додавајќи дека информацијата ја потврдија и од СВР Струмица.
Мажот е идентификуван и станува збор за 52-годишниот Мите Ј. од струмичкото село Куклиш.

Според првичните информации, врз телото нема видливи надворешни повреди и траги на насилство.
Истражен судија издал наредба за вршење обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top