По вчерашните крвавави судири во кои според службените податоци загинале повеќе од 600 луѓе, а се ранети над 4.000, немирите продолжија и ноќеска.
Поддржувачи на соборениор египетски претседател Мурсиј убиле двајца полицајци во две египетски покраини и запалиле владина зграда во Каиро. Безбедносни извори јавваат дека непознати напаѓачи убиле седум египетски војника близо градот Ел Ариш. Египетското Министерство за внатрешни работи сооптило дека е дадено одобрение за отворање оган над оние кои ги напаѓаат државните институции и безбедносните сили.
Истовремено САД објави дека че ја преиспита помошта за Египет откако американскиот претседател Барак Обама ги откажа заедничките воени вежби кои требаше да се оддржат наредниот месец.
Каиро се претвори во крвава воена зона
Си-ен-ен објави репортажа за Каиро со наслов „Каиро се претвори во крвава воена зона“.
Никогаш не сум видел толку многу крв. Постојано носат ранети, многу од нив во лоша состојба,а поголем број беа застрелани. Мислам дека гледаме само почеток на крвавата битка помеѓу две фракции кои сакаат да го контролираат египетските улици – вели репортерот на Си-ен-ен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.