Организаторите на Отвореното тениско првенство на Соединетите Американски Држави потврдија дека на стадионот „Артур Еш“ ќе биде поставена подвижна покривна конструкција.
Вредноста на проектот и планираните градежни активности не е соопштена, меѓутоа се очекува работите на терен да бидат завршени во 2016-та.
Американците биле принудени на ваков потег бидејќи дождот во Њујорк им правеше големи промлеми на домаќините на последниот грен-слем турнир во сезоната минатите неколку години.
Планирана е реконструкција и на уште неколку други стадиони, а се очекува со повеќе детали од Американската тениска асоцијација да излезат наскоро.
Со овоаа одлука, првите луѓе на УС Опен всушност ги послушаа најдобрите тенисери на светот, кои долго време апелираа дека проблемот со дождот мора да се реши.
Американската тениска асоцијација најави прес-конференција, на која детално ќе биде претставен планот за изградба на покривот, како и два нови стадиона во Националниот тениски центар „Били Џин Кинг“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.