Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа (8. носител) се избори за четврт-финалето на фјучрс-турнирот во Брчко, со што го повтори успехот од лани на истиот турнир.
Таа денеска во меч од 2. коло ја победи Антонела Шушак од Хрватска со 6:3 и 6:4 во сетови. Противничка во четврт-финалето ќе ѝ биде тенисерката од Босна и Херцеговина, Катарина Јокиќ, која преку квалификации избори учество на турнирот.
Во игра на двојки Ѓорческа, заедно со Далија Зафирова од Бугарија, веќе има изборено пласман во полуфиналето.
И двата меча, четврт-финалето во поединечна конкуренција и полуфиналето во двојки, нашата тенисерка, најверојатно, ќе ги игра утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.