| четврток, 6 декември 2018 |

МНР Косово: УНМИК да се повлече од земјата

 unmikМинистерството за надворешни работи на Косово побара од мисијата на ОН, УНМИК, да се повлече од земјата со образложение дека нејзиното присуство го подрива процесот на признавање на независноста на Косово, соопшти денеска приштинскиот весник „Трибуна“.

Според министерот за надворешни работи, Енвер Хоџај, УНМИК имала важна улога во процесот на изградба на институциите во Косово, но нејзиниот мандат е исполнет.

– По примената на планот на Марти Ахтисари, откако над 100 земји ја признаа независноста на Косово, откако земјата се вклучи во многу меѓународни механизми, постигна спогодба со Србија и почна преговори со ЕУ за Спогодбата за стабилизација и асоцијација, нема причини УНМИК да биде во Косово, ниту Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност да остане оперативна и функционална – рече Хоџај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top