Ова ќе биде директен дуел за третото место во четврт-финалната група. И двете селекции немаат победа, а имаат по два пораза. Почетокот на натпреварот е во 16 часот и 15 минути.
Покрај дуелот Македонија – Англија, играат уште и Финска – Словенија од групата Е. Во рамките на групата Ф ќе играат Босна и Херцеговина – Чешка и Грузија – Данска.
На табелата во групата Е: Финска и Словенија имаат биланс 2-0 (победи-порази), а Македонија и Англија 0-2.
Во групата Ф, БиХ е прва со скор 2-0, Данска и Чешка имаат 1-1, а Грузија 0-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



