| четврток, 6 декември 2018 |

Кадетите на мегдан со Англија

На Европското првенство - Б дивизија што се одржува во Сараево, македонската кадетска репрезентација денеска ќе игра против Англија

mkd kadeti

Ова ќе биде директен дуел за третото место во четврт-финалната група. И двете селекции немаат победа, а имаат по два пораза. Почетокот на натпреварот е во 16 часот и 15 минути.

Покрај дуелот Македонија – Англија, играат  уште и Финска – Словенија од групата Е. Во рамките на групата Ф ќе играат Босна и Херцеговина – Чешка и Грузија – Данска.

На табелата во групата Е: Финска и Словенија имаат биланс 2-0 (победи-порази), а Македонија и Англија 0-2.

Во групата Ф, БиХ е прва со скор 2-0, Данска и Чешка имаат 1-1, а Грузија 0-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top