| четврток, 6 декември 2018 |

Снимено племе во бразилските прашуми

plemeПрипадници од изолираното племе Кавахива се снимени во бразилските прашуми. На снимката се гледаат голи мажи како носат лак и стрела, и жена со дете.  Припадниците на племето се исплашиле од телевизиската екипа, по што побегнале.

Племето првпат било забележено во 1999 година, а потоа им бил создаден резерват во државата Мато Гросо, каде што и живеат. Комуницираат на тупи-кахива јазик, а, според лингвистите,  на видеото разговараат за ловот, додека жената извикала „тапуи“ што би значело „непријател“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top