| четврток, 6 декември 2018 |

Веле Самак се жени во септември

фото: Утрински Весник

фото: Утрински весник

Ми­нис­те­рот за странски инвестиции Веле Самак на почетокот на септември ќе стапи во брак со некогашната водителка на „Сител бамбини“, Бојана Аце­ва-Андонова. Според информациите до кои дојде „Република“, Бојана и Веле судбоносното да ќе го кажат во Прилеп, родниот град на Самак. Свадбата е закажана за 7 септември.

Ова е втор брак на Самак. Тој и претходната сопруга Роксана се разведоа летото 2010 година, по 11 години брак, по­ра­ди ненадминливи разлики. Од првиот брак Самак има ќерка. Неговата екссопруга Роксана во 2006 година, заедно со Самак, се пре­се­ли во Македонија од Америка и, по разводот, остана да живее во Скоп­је. Бојана и Самак се заедно од 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top