| четврток, 6 декември 2018 |

Паско Кузман бара издвоено судење

pasko kuzman 3

 

Одбраната на доскорешниот директор на Управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман, поднела приговор на обвинението со кое се товари за злоупотреба на службената положба и овластување. Неговиот адвокат Александар Новаковски за „Утрински весник“ вели дека побарал издвоенo судење затоа што Кузман не е дел од групата „Фаланга 2“.

– Приговорот е испратен до судот. Побарав постапката против Кузман да биде издвоена како посебна, со оглед на тоа што мојот клиент одговара за злоупотреба на службената положба и овластување, а не е во никаква врска со другите обвинети кои се товарат за други кривични дела. Кузман е обвинет за дадени две согласности за ископувања – вели бранителот на обвинетиот Паско Кузман, адвокатот Александар Новаковски.

Тој појаснува дека постапката која сега се води против Паско Кузман не е со нова кривична пријава, туку дека таа следувала по проширувањето на истрагата што се водеше за случајот „Фаланга 2“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top