| четврток, 6 декември 2018 |

На свадба силувале девојка, гостите само немо гледале

Босанската полиција ги уапси двајцата мажи од Ново Место кои се осомничени за силување 20-годишна девојка од Приедор. Немилиот настан се случил за време на локална свадба минатиот викенд. Тоа што е најлошо во целата приказна е фактот дека многу од гостите на свадбата видиле што се случува, но само немо гледале.

20-годишната девојка била силувана во напуштена куќа, неколку стотина метри од свадбените празнувања.

За нивното однесување и нереагирање на ова кривично дело, селаните се бранеле со тоа дека девојката била позната по тоа што постојано е во друштво на мажи и дека не им паднало чудно нејзиното однесување.

Таа не сакала да го пријави случајот во полиција, но во понеделникот нејзината пријателка ја убедила да го направи тоа. Истрагата покажала дека 20-годишната девојка била принудена на насилен однос.

Марија Маркановиќ, портпарол на СВР Бања Лука, кратко изјави дека истрагата сѐ уште е во тек, пишува порталот „Независне“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top