
Претседателот на Бугарскиот фудбалски сојуз, Борислав Михајлов, по поразот од Македонија со 0:2 во контролна средба, изјави дека судијата погрешил при досудувањето пенал за домаќините, со кој македонската репрезентација го отвори резултатот во 82. минута, пишува бугарски БНТ.
Според Михајлов, одлуката на арбитерот од Србија го променила и крајниот исход на дуелот, кој според него реално требало да заврши нерешено. Сепак, првиот човек на БФС смета дека проверката била корисна за бугарскиот национален тим и дека не се загрижени од поразот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


