Македонската репрезентација ја совлада Бугарија во пријателскиот натпревар на арената „Филип Втори“. Во пријателскиот натпревар, фубалерите на Чеде Јаневски успеаја да го скршат отпорот на гостите во последните осум минути од натпреварот кога Агим Ибраими го отвори резултатот од пенал во 82. минута. Победата ја осигура Александар Трајковски четири минути подоцна откако прими добра топка во длабочина од нашата половина.

Бабунски денеска го имаше своето деби за репрезентација
Во текот на 80. минути се водеше жестока битка на теренот, а двете репрезентации имаа по неколку добри шанси за гол.
Репрезентацијата на Македонија вечерва имаше успешна проба која треба да ја крене атмосферата во тимот пред претстојните квалификациски натпревари, кои нѐ очекуваат следниот месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


