| четврток, 6 декември 2018 |

Победа за Ѓорческа, пораз за Јотовски и Дургути

tennisМакедонската тенисерка Лина Ѓорческа ја совлада Владица Бабиќ од Црна Гора на фјучрс-турнирот во Брчко, Босна и Херцеговина. Натпреварот од првото коло во поединечна конкуренцијаМакедонката го доби со 6:2 и 6:3 во сетови. Во следното коло противничка ѝ е 21-годишната хрватска тенисерка Антонела Шушак, која преку квалификациите стигна на главниот турнир.

На турнирот во Чаковец, Томислав Јотовски и Бесир Дургути ги загубија мечевите од 2-то коло од носителите. Јотовски загуби со 2:1 во сетови (2:6; 6:2 и 7:5) од третиот носител Томислав Бркиќ од БиХ, додека Дургути е поразен со 2:0 во сетови (7:5 и 6:1) од вториот носител Хрватот Марин Брадариќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top