Боксерот Виталиј Кличко, ќе се кандидира на претседателските избори кои во Украина ќе се одржат во 2015-та година, пренесува Fox.
Тие се повикуваат на информација од Светскиот боксерски сојуз. Кличко му ги образложил своите идни планови на претседателот на овој сојуз, Хозе Сулејман. Кличенко би сакал да седне во претседателската фотелја, но не планира да се повлече од спортот. Ако победи тогаш светот ќе има ретка прилика да види како изгледа кога еден претседател соборува противници во рингот.
Кличко кој има 42 години, веќе е пратеник во парламентот во Украина и важи за еден од најомилените опозициони политичари во својата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.