| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ бара повлекување на законот за медиуми, ВМРО-ДПМНЕ вели само нив им пречи

vmro-dpmne-sdsmСоцијалдемократскиот Сојуз на Македонија бара да се повлечат Законот за медиуми и Законот за аудио-визуелни медиумски услуги за, како што велат, да се заштитат  новинарите и слободата на изразување, како темел на една слободна држава. Од СДСМ велат дека се обврзуваат оти веднаш по промената на власта ќе го поништат вака предложениот Закон за медиуми, ако власта го усвои во сегашната форма. „И по неколкуте јавни расправи, евидентно е дека Владата остана глува на барањата на медиумските здруженија, организации, експерти, граѓани и меѓународни институцуии и дека нема намера да се занимава со вистинските проблеми во медиумскиот простор, туку дополнително да ги создава, како и досега. Ваквата содржина на законите создава можности за ограничување на слободата на говорот и дополнително ѝ отвора врата на власта за контрола над печатените медиуми и порталите, односно замолчување на критички настроените медиуми“, реагираат од опозициската партија. Според СДСМ,
поднесувањето амандмани од Владата до Собранието за двата предлог-закона е флагрантно кршење на Уставот и на Деловникот на Собранието, зашто во согласност со член 150 од Деловникот, Владата не може да поднесува амандмани

ВМРО-ДПМНЕ реагираше:

-Во текот на вчерашниот ден тројца претставници на Меѓународната заедница потврдија дека на Република Македонија и се потребни вакви закони, со кои ќе се унапреди состојбата во сферата на медиумите. Дополнително би сакале да потенцираме дека Владата на Република Македонија низ процес на дијалог, воден со повеќе релевантни институции и организации, прифати огромен број на сугестии, предлози и забелешки со кои текстот на овие закони постигна високо ниво на консензус. Овие два закони во досегашната анализа беа предмет на анализа на повеќе меѓународни институции и заради својот квалитет добија позитивна оценка. Ова се должи на јавните расправи на кои присуствуваа претставници од различни организации и директно се подобруваше текстот на законите.

ВМРО-ДПМНЕ изразува жалење, за тоа што, како што велат само СДСМ и една до две до нејзе блиски организации, се противат да се воведе европска регулатива во оваа област и притоа одбегнуваат да приложат било какви аргументи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top