| четврток, 6 декември 2018 |

Египет прогласи вонредна состојба (видео)

Претседателството на Египет прогласи вонредна состојба во земјата. Голем број луѓе беа убиени кога безбедносните сили упаднаа во протестните кампови во Каиро. Жител за Би-Би-Си изјавува дека во Египет е комплетен терор. Еден фоторепортер го загуби животот.

Sit-in of Morsi supporters cleared in Cairo
Камповите биле окупирани од страна на приврзаници на поранешниот претседател Мохамед Морси, кој беше симнат од власта во почетокот на јули.
Безбедносните сили велат дека 95 луѓе биле убиени. Но Муслиманското братство, кое ги поддржа протестите, вели дека стотици умреле.
Вонредната состојба е предвидено да трае еден месец.

фото:ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top