Секоја девојка барем еднаш во животот помислила како сака да изгледа нејзината свадба. Некои успеваат да си го остварат сонот, други само мечтаат. Британската наставничка по танц, Кејти Далби, успеа сонот да го направи јаве. Таа поминала низ пекол обидувајќи се да избере деверуши од своите ученички. На крај решила да ги покани сите! Дваесет и шестгодишната Далби имала 80 директни учесници на својата свадба со единаесет години постариот пожарникар Норман Гуч.
Деверушите се нејзини студенти од „Katie’s Boogie Shoes Dance Academy“, три снаи, внуци, братучеди и најдобри пријателки и сите биле облечени во идентични фустани.
-Децата беа воодушевени кога им кажав дека ќе се мажам. Некои од нив ме прашуваа за тоа повеќе од една година. Мислев дека не би било фер да изберам само две или три, па единствената опција ми беше да ги поканам сите 74. Избрав боја за нивните фустани, а мајките направија одлична работа средувајќи ги своите ќерки – изјавила Далби.
Деверушите биле толку многу, што едвај направиле колона за да влезат сите во црква.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)