Еден од условите под кои СДСМ ќе учествува на избори е да се сменат министрите за правда, внатрешни работи и финансии и да се постави нов човек за директор на МРТВ. Новите кадри кои би ги замениле актуелните треба да се прифатливи за сите релевантни фактори.
Ова се првичните неофицијални информации од исходот на вечерашниот состанок на Централниот одбор на СДСМ. Од партијата додаваат дека, доколку им се увојат овие барања тие ќе побара покрај редовните локлани избори во март да се одржат и предвремени парламентарни.
Конечниот став на СДСМ денеска на прес- конфернција ќе го соопшти претседателот на партијата Бранко Црвенковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.