| четврток, 6 декември 2018 |

Многу инвестиции во Куманово најави кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ

Денеска промоција на Зоран Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО- ДПМНЕ за општина Куманово. Најавени голем број проекти

zoran500-georgievskiСо поддршка на институциите и Владата на Република Македонија ќе воведеме европски стандарди во функционирањето во идната локална смоуправа, со помош на европските фондови, ќе успееме да ги дадеме очекуваните резултати за кумановци, рече кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за општина Куманово на денешната промоција Зоран Ѓеоргиевски.

– Водоснабдување за целиот град и за приградските населби, отворање на индустриска развојно-инвестициска зона со што ќе се намали бројот на невработеноста, отворање на три нови детски градинки во населбите „Зелен Рид“, „Карпош“ и „Перо Чичо“, изградба на три спортски сали во училиштата „Наце Буѓони“, „Јероним Дерада“ и „Кирил и Методиј“, преуредуавње на постоечките излези и влезови во Куманово по сите можни европски стандарди- најави Ѓеоргиевски.

Меѓу проектите се и формирање на јавно сообраќајно претпријатие, реновирање на градскиот фудбалски стадион, проекти за заштита на животната средина, нов пазар за граѓаните за населбата “Гоце Делчев”.

– Куманово со овие проекти ќе прерасне во урбана средина економски социјално оддржлива општина со квалитетен живот на граѓаните- рече кандидатот за градоначалник на Куманово на ВМРО-ДПМНЕ Ѓеоргиевски.

Зоран Ѓеоргиевски е познат хирург, со долгогодишен стаж, афирмиран во својот досегашен професионален ангажман во Општата болница Куманово

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top