Сообраќајниот хаос во Куманово е еден од повеќе децениските проблеми што го мачат градот. Самитиот повисок стандард и ширење на градот придонесе во Куманово бројката на возила да е над 35.000. Неадекватното следење на ширењето на градот со главните сообраќајници доведоа до тоа во Куманово да владее поголем сообраќаен хаос, истакна на денешната ТВ дебата на јавниот сервис Зоран Ѓорѓиевски кандидат за градоначлник на Општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.
– Во решавањето на овој проблем нудиме повеќе решенија пред се тоа се кружните текови од самиот влез на градот. На клучката на булевар „Октомвриска револуција“, „Трета македонска ударна бригада“, „Бранко Богдански Гуцман“, тука има една раскрсница кое со сегашното решение има предизвикано повеќе сообраќајни несреќи со смртни исходи. Нашето решение ќе биде кружен тек каде безбедноста на возачите и пешаците ќе биде во преден план. Меѓу останатите кружници кои предвидуваме да ги правиме ќе бидат на излезот од Куманово, односно влез од регионалниот пат Свети Николе-Куманово, на локалитетот Водовод, вели Ѓорѓиевски.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека имаат понуда за решавање на паркингот со монтажни паркиралишта. Тој вели дека на граѓаните како едно од решенијата им нудат изградба на меѓународна автобуска станица надвор од градот бидејќи со влегувањето на сите автобуси се создава дополнителен хаос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.