| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓиевски: СДСМ во комисијата предложува членови-хулигани со дипломи од „Канвас“

sarena-revolucijaa

Пратеникот Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска околу темата за составот на Комисијата за прашања за изборите и именувњата од собраниската говорница изјави дека СДСМ предлага членови што две години ја фарбаа Македонија и нејзините историски обележја и членови со дипломи од „Канвас“.

Ѓорѓиевски посочи дека е крајно несериозно од страна на СДСМ со тоа што во таква важна комисија предложува хулигани кои ги осудуваше целата македонска јавност.

Од друга страна, Ѓорѓиевски ги замоли пратениците од СДСМ да го слушаат гласот на народот што протестира, односно, како што кажа тој, чувствува колективен инстинкт за загрозеност на својата држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top