Судар помеѓу возило и мотор го блокира сообраќајот на Јужен булевар во Скопје. Околу 16:00 часот попладнево, во шпицот на сообраќајот, се случи сообраќајна незгода меѓу возило и мотор.
Поради сообраќајката, беше блокиран сообраќајот по едната лента на булеварот, што создаде колона од возила на патот.
Од МВР засега нема информации дали има повредени во сообраќајката.
Фото: Плусинфо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


