| четврток, 6 декември 2018 |

Раиконен сака во Ферари

Кими Раиконен не сака да потпише договор со Ред бул затоа што враќањето во Ферари би му било најголемо задоволство

raikonen

Кими Раиконен ја отфрлил можноста да му биде тимски колега на Себастијан Фетел во Ред бул само за да си ја исполни желбата за враќање во тимот на Ферари. Неколку фински медиуми денеска ја обелоденија информацијата дека Раиконен долго време размислувал дали да потпише преддоговор со Ред бул или, пак, да остане во тимот на Лотус Рено. Сепак, ситуацијата се сменила кога Ферари, исто така, искажал интерес за Финецот.

Раиконен не криеше дека би прифатил враќање во Ферари доколку му се укаже шанса за такво нешто, па веднаш по добивањето на понудата на италијанскиот тим, истата била прифатена. Иако трансферот официјално нема да биде потврден уште извесно време, сѐ појасно е дека Кими ќе го заземе местото на Фелипе Маса, кој има уште една разочарувачка сезона и ќе му биде тимски колега на Фернандо Алонсо во 2014 година.

Само за потсетување, Кими Раиконен го возеше болидот на Ферари од 2007 до 2009 година и со освоената титула во 2007 е последниот возач што му го донел шампионскиот трофеј на италијанскиот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top