МЗТ Скопје доживеа очекуван пораз во Белград во натпревар од 19.коло во Јадранската лига кој во еден дел се закануваше да биде вистинска катастрофа, а кој сепак заврши со пристојна негатива од 87-72. Македонскиот првак не и беше достоен ривал на Црвена Звезда во ниту еден миг, а особено во првите 20 минути, бидејќи лошата одбрана и загубените топки веќе до паузата од полувремето го предодредија победникот.
Кога домаќинот создаде огромна разлика меѓу двата дела (60-38), а брзо потоа имаше и плус 23 кошаркарите на Црвена Звезда се опуштија, а Алеш Пипан инсистираше да се игра со полна сила и со сите расположливи играчи што донесе до релативно поднослив пораз, кој соодветствува на разликата од првата, октомвриската пресметка во Скопје(60-75).
Најсветли точки во таборот на МЗТ Скопје беа центрите Гечевски со 12 и Чековски со 11 поени, а во дуелот Ракочевиќ со 25 коша. Во следниот круг МЗТ Скопје, кој сега е падна на осмото место на табелата, ја дочекува Унион Олимпија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.