
Продолжува доминацијата на Серена Вилијамс во женскиот тенис. Американката триумфираше на Роџерс купот во Торонто откако во финалето лесно ја совлада Романката Сорана Кирстеа со 6-2 и 6-0.
Серена целосно доминираше во финалето и мечот траеше само еден час и 6 минути. И во првиот и во вториот сет Американката направи по три брејка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


