| четврток, 6 декември 2018 |

Во Охрид и Дојран ќе се садат палми

palmi

По 200 палми ќе се засадат во Охрид и во Дојран за Денот на дрвото што ќе се одржи есенва во ноември, пишува „Вест“.

Во есенската акција за пошумување на Македонија е предвидено да се засадат 4 до 5 милиони садници на површина од над 1.000 хектари земја.

– Палмите што ќе ги садиме се таканаречени влакнести палми кои се отпорни на промената на временските услови. Откако ќе ги посадиме, за нив ќе се грижат локалните самоуправи кои ќе имаат обврска да ја следат временската прогноза и кога ќе има најави за пониски температури и студови да ги завиткуваат во најлони. Палмите ќе бидат посадени покрај езерата и во парковите – вели Жарко Караџоски, директор на ЈП „Македонски шуми“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top