| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец осуден за шверц на азиланти во Германија

azilanti

 

Македонски државјанин е осуден во Германија на двегодишна условна затворска казна поради шверц на азиланти, дознава „Фактор“.

Откако на 19 март бил фатен од полицијата во Трир како нелегално превезува жители од Македонија за да бараат азил во Германија, бил приведен и против него летово се водела судска постапка. Судот во Трир го осудил на две години условно, но не го открива неговиот идентитет туку информира дека е татко на три деца и има 36 години. Осудениот во Македонија работел како возач на училиштен автобус. Македонското МВР не е запознаено со овој случај на приведување и судење македонски државјанин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top