| четврток, 6 декември 2018 |

Бункерот на Тито во случај на нуклеарен напад

bunkerТаен комплекс сместен  недалеку од Сараево, вреден 4,5 милиони долари билзамислен како команден штаб на Јосип Броз Тито Тито во случај на нуклеарна војна врз СФРЈ. За неговата изградба биле потребни цели 26 години, но објектот никогаш не бил искористен. Тито не стапнал ниту еднаш во него, бидејќи за помалку од една година откако бункерот е завршен, тој почина.

„Воен објект Д-О”, што било кодирано име на најсложен и најголемо противатомно скривалиште во поранешна Југославија, сега за прв пат ги отвора вратите за пошироката јавност со изложба на современа уметност, посветена на Студената војна. При посетата водичот ве учи на  доста интересни детали за историјата на бункерот. Пензионираниот полковник  Шериф Грабовица  ги носи посетителите низ подземјето и раскажува како тој и неколкумина други војници, уживале  целосна доверба, биле натоварени да го задржит во тајност  ова место од 1979 година до 1992 година, кога почна војната во Босна. Во текот на цели 13 години ова скривалиште било тајна дури и за сопругата на Тито. Во неа биле посветени вкупно шестмина офицери и деветмина цивили, дали завет да се сочува државна тајна – раскажува  денес 63-годишниот пензионер за DW.

Спасен од уривање
По распадот на Југославија, српско југословенската федерална армија  која подготвува повлекување од Босна и белградскиот Генералштаб носат одлука да го кренат објектот во воздух, за да не падне во рацете на босанските муслимани. Шериф Грабовица е известен за  подготовките за рушење на бункерот. Тој е муслиман, вешт во изработка на воена пиротехника.  Му наредиле на секој од трите излези на бункерот да стави 1 500 килограми експлозив, доволно да го уништи целиот подземен комплекс.  Го распоредиле експлозивот, но експлозивот не бил активиран.

Бункерот е изграден во карпа во облик на потковица. Составен е од 12 единици со вкупна површина од 6 500 квадратни метри, со идеја да собере 350 лица. Има просторија за деконтаминација, болница, десетици спални, конференциски, командни и комуникациски сали… За Тито и неговата сопруга биле предвидени посебни простории. Такви простории имало и за високи гости. Собите сепак  не се одликуваат со нападен луксуз. Портрети на Тито се уштестојат во некои од просториите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top