| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ му даде еден ден на Гечевски: Ќе не оставиш сами или заедно ќе војуваме?!

tose i antic

Ти даваме еден ден да одлучиш…Дали сакаш да не оставиш сами или да војуваме уште оваа година и да си одиме машки дома… Чим Данче сака да играш мислам дека треба да изиграш за нас ако не поштуваш, знаеш за кој… му напишал Перо Антиќ на својот репрезентативен колега Тодор Гечевски кој реши да се опрости од репрезентативниот дрес. Антиќ ги повика сите Македонци да се вклучат „Тошка да игра уште оваа година“. Го очекуваме одговорот на Тоше, на кого репрезентативните колеги му дадоа еден ден. Во меѓувреме „Република“се вклучува во молбите на Илиевски, Антиќ и Меккејлеб, Тоше повторно да го облече црвено-жолтиот дрес.

Georgia vs FYROM

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top