Немири избиле кога илегални имигранти задржани во камп североисточно од грчката престолнина Атина, вчера го нападнале обезбедувањето на објектот, пишуваат тамошните медиуми.
Според атинската полиција, безредијата започнале попладнето за време на ручекот. Повод за протестот на приведените илегални имигранти била одлуката да биде продолжен рокот до кој тие може да бидат задржани во кампот.
За време на немирите биле запалени неколку душеци и простории за сместување на приведените имигранти. Полицијата соопшти дека насилството на имигрантите не било предизвикано од дејства на вработените во кампот.
Вкупно во овој камп имало 1.500 лица кои нелегално ја минале грчакта граница. Станува збор главно за имигранти од Блискиот исток и африканските земји кои честопати исто така илегално влегуваат и во Македонија во обидите да дојдат до западноевропските земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



