Тринаесетгодишната Кети Зашева од Кочани цела недела барала од надлежните да го спасат мачето заглавено во една отворена шахта. Таа им оставила и порака во која ги моли за помош, на која не добила потврден одговор, туку дрзок однос.
– Бев во полицијата, но не беше преземено ништо. Ги повикавме и од Пожарната, имаше и други луѓе таму кај шахтата, но никој не ја презеде одговорноста, па јас вчера слегов и го зедов. Се стресе прв пат кога го зедов, го донесовме дома, не сакаше ништо да јаде. Го избањавме, имаше крв насекаде околу вратот, но го избањавме и сега е живо. Ако не го зедов вечерта, мислам дека веќе ќе беше мртво – изјави Кети Зашева која реши самата да се впушти во ризикот да го извлече мачето од шахтата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.