| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџерка од Кочани го ризикуваше животот за да спаси едно маче

Тринаесетгодишната Кети Зашева од Кочани цела недела барала од надлежните да го спасат мачето заглавено во една отворена шахта. Таа им оставила и порака во која ги моли за помош, на која не добила потврден одговор, туку дрзок однос.

– Бев во полицијата, но не беше преземено ништо. Ги повикавме и од Пожарната, имаше и други луѓе таму кај шахтата, но никој не ја презеде одговорноста, па јас вчера слегов и го зедов. Се стресе прв пат кога го зедов, го донесовме дома, не сакаше ништо да јаде. Го избањавме, имаше крв насекаде околу вратот, но го избањавме и сега е живо. Ако не го зедов вечерта, мислам дека веќе ќе беше мртво – изјави Кети Зашева која реши самата да се впушти во ризикот да го извлече мачето од шахтата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top