Македонските цариници денеска на граничниот премин Табановце спречија нов обид за криумчарење на 122 килограми марихуана.
Големата количина дрога е пронајдена во кровната конструкција на македонски автобус кој сообраќал на редовна релација Струга – Виена.
Засега нема повеќе информации за настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


