Пред Викторискиот парламент во Мелбурн се собраа Македонци од цела Австралија. Опремени во црвено-жолтата боја тие мирно протестираа против поделбата на Македонија и со тоа ја обележаа стогодишнината од Букурешкиот договор.
– За Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет Букурешкиот договор повеќе не важи.
Затоа бараме права и слободи во земјите кадешто живееме, извинување и репарација за штетите предизвикани од Балканските војни до денес, враќање на граѓанските, имотните, наследните права и државјанствата на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија – порачаа тие.
Извор: Фаланга
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.