| четврток, 6 декември 2018 |

Мис Македонија: Тортички ли да ги кажам (видео)

mis mkdДеспина Царева, новата Мис Македонија има дваесет и една година. Штипјанката Деспина е студент на правниот факултет во Штип, а работи како новинарка во штипската телевизија Ирис. На нејзиниот „јутјуб“ канал можете да видите повеќе видеа од нејзината работа во Тв Ирис. Македонката која е избрана за најубава ставила и дел од своите гафови, меѓу кои и „тортичките“. Кој работи, тој греши…

Инаку на изборот кој го организира модното студио „Црнокрак“, а се одржа синоќа во Струмица, за прва придружничка е избрана скопјанката Симона Станковска(18), додека втора придружничка е пробиштипјанката Христина Тончевска.

mis mkd1

Мис-тело освои седумнаесетгодишната тетовка Кристина Димитријевска, мис-фотографија е Лорета Митрова од Гевгелија, мис-публика Мартина Димитрова од Скопје, мис-шарм Ана Трајковска исто така од Скопје, како и мис-лице Моника Кочоска.

Финалето на овој избор за мис на Македонија ќе се одржи на 17 август во хотелот „Романтик“ во Дојран. Победничката ќе ја претставува Македонија на „Мис глоуб“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top