
Невремето стигна на Балканот. Силни ветрови проследени со град со големина колку тупаница погодија делови од Словенија, а Хрватска се подготвува за силно невреме. Делови од Босна и Херцеговина се погодени од силен дожд проследен со ветер кој предизвикал кршење на стебла.
Во текот на денот во Босна се забележани и драстично намалување на температурите, па така ако во 15 часот во Зеница биле измерени 40 степени, за само три часа температурата се спуштила на 26 степени.
Метеоролозите во Хрватска ги предупредија граѓаните дека по полноќ ќе следува силно невреме проследено со грмежи и силни ветрови. Управата за справување со итни ситуации ги повикаа граѓаните да ги заштитат возилата, да ги затворат прозорците и да ги спуштат ролетните. Градските власти во Загреб објавија дека ќе биде бесплатно паркирањето во градските паркиралишта за да ги заштитат автомобилите од град. Невремето во Хрватска доаѓа од Словенија каде што биле регистрирани и два пожари предизвикани од громови.
Метеоролизите предупредуваат дека исклучително силно невреме им се заканува и на Унгарија и на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


