| четврток, 6 декември 2018 |

Нови кривични пријави за „Детонатор“

detonator

За комар и за даночно затајување се најновите пријави, кои полициската станица „Гостивар“ ги поднесе против жители на Гостиварско ина  Тетовско, во рамките на обемната акција „Детонатор“ за искоренување на илегалното коцкање.

Кривични пријави за комар добиле А.М.(33) од село Симница, Гостиварско, и М.Н.(40) и С.Н.(56), двајцата од село Чегране, Гостиварско, а жителот на Симница е пријавен и за даночно затајување. Од февруари до јули годинава, во село Чегране, второ и третопријавениот издале под кирија два деловни објекти на А.М, кој неовластено организирал игри на среќа-комар без регистрација на автомат клуб. Полицијата вели дека данокот што не го платил изнесува 5.534.875 денари.

Исти пријави добија и А.Ш.(61) од Чегране и Г.А.(34) од тетовското село Пирок. Според полицијата во Гостивар, тие од јануари до јули годинава во селото Чегране неовластено организирале игри на среќа-комар без регистрација на автомат клуб, со што избегнале плаќање данок во износ од 5.396.625 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top