Митрополитот повардарски, Агатангел на чествувањето на празникот Свети Пантелејмон, заштитникот на Велес порача дека не треба да се прават отстапки за името.
Велешани од синоќа со масовна посета на соборниот храм, кој го носи името на свети Пантелејмон, го чествуваат заштитникот на градот. Соборната црква ги отвори ширум вратите за сите верници во градот што палат свеќи и искажуваат почит кон делото на светецот. Така, му благодарат на светецот, кој во земниот живот бил лекар и успеал да го спаси градот од чума, за лична заштита и за заштитата на своите семејства. Чествувањето на Свети Пантелејмон ја потврдува нераскинливата врска меѓу црквата, верата и верниците, порача синоќа од свеченоста митрополитот повардарски, Агатангел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.