| четврток, 6 декември 2018 |

Велес го чествува заштитникот Свети Пантелејмон

Veles-5

Општина Велес и Повардарска Епархија во храмот „Св. Пантелејмон“ во Велес по петти пат заеднички организирано го прославуваат денот на свети Пантелејмон, заштитникот на Велес. По тој повод синоќа се одржи празнична вечерна богослужба.

По празничната вечерна богослужба пред велешани се обрати градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев кој потенцира дека се поклонуваме на својот патрон и му ја искажуваме својата благодарност и почит.

– Патронот и денес како и секогаш во минатото ни ја направи најголемата услуга, не собира заедно, не упатува едни кон други, ги одржува живи нашите средби, контакти и пријателства, истакна Чадиев.

Синоќа настапи и градскиот црковен хор „Свети Пантелејмон“ кој прославува десет години од своето постоење, по што имаше уметничка изведба со сцени од минатото на Велес насловена „Мозаикот наречен Велес“.

Чествувањето на заштитникот на Велес утрово продолжи со света божествена литургија која се одржа, исто така, во   храмот посветен на овој светец, а кој е дело на големиот градител на цркви од 19 век, Андреја Дамјанов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top