| четврток, 6 декември 2018 |

Две нови инвестиции во општина Илинден

ilinden opstina flaer

Во општина Илинден во изминативе два дена се поставени два камен-темелника на нови стопански субјекти.

Во локалната економска зона „Илинден“ инвеститорот „Де-та Сара фешн’ на парцела од 2.300 квадратни метри ќе гради објект со површина од 1.300 квадратни метри. Во локалната економска зона „Марино-Кадино“, пак, на парцела со површина од 3.900 квадратни метриинвеститорот „Белина“ ќе гради објект од 1.800 квадратни метри.

На поставувањето на камен-темелниците присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, кој им посака успешна работа.

Во наредниот период се очекува пуштање во употреба на неколку веќе изградени стопански субјекти, како и почнување со градба на нови. Во таа насока, Општина Илинден интензивно работи на планирање на нови актрактивни локации и на креирање поволна деловна клима за домашните и за странските инвеститори, велат од Општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top