| четврток, 6 декември 2018 |

Саха оди в пензија

Луис Саха ја заврши својата богата кариера и повеќе нема да игра фудбал

louis-saha_2154919b

Поранешниот француски репрезентативец Луис Саха реши да стави крај на својата богата кариера и преку својот профил на „Твитер“ објави дека заминува в пензија.

„Сакам да им се заблагодарам на сите што ми даваа поддршка во текот на целата кариера. Горд сум, без сите вас не би бил никој. Од денеска веќе не сум професионален фудбалер. Ви благодарам за сѐ“, напиша Луис Саха на „Твитер“.
Луис Саха ја почна својата кариера во Мец, а потоа играше во Њукасл, Фулам, Манчестер јунајтед, Евертон, Тотенхем, Сандерленд и на крајот одигра неколку натпревари за италијанскиот тим Лацио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top