| четврток, 6 декември 2018 |

Дон, Дона, Дон – тоа е тој, или таа, или тој… (фото)

don donaДон Енис, американски новинар и уредник на “ABC”, два пати си го сменил полот. Направил операција да биде жена бидејќи се чуствувал како жена заробена во машко тело. Но се предомислил па повторно го сменил полот откако имал амнезија.

-Бев убеден дека е 1999 година. Мислев дека мојата сопруга ми подготвила некаква сурова шала со женската облека, перика, па дури направила и лажна лична карта на име Дона. Но, откако го тргнав градникот, ја пронајдов вистинската причина зашто воопшто го носев – пишува четириесет годишниот Дон во своето писмо и додава:

-За среќа, спомените од последните 14 години се вратија. Но, тоа што не се врати е мојот идентите, односно чувството дека сум жена и дека се викам Дона. Ви пишувам да ве известам дека го менувам своето име во Дон Енис. Тоа ќе биде повторно моето име и така ќе остане.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top