Супермоделот Кара Делевин, направи фотосесија по долна облека за пролетната кампања на „DKNY“. Оваа 22 годишна убавица, соработува со марката за висока мода како заштитно лице на новата линија, вклучувајќи 15 блескави предлози на Дона Карен. Фотограф е Грегори Харис, кој направи едноставна, но стилска фотосесија во стан во Њујорк.
– Оваа марка секогаш го инспирирала дизајнерското во мене, таа го изразува мојот личен стил и ги отелотворува сите мои идеи за облека и долна облека. Тоа е марка за урбана мода, но најмногу ја нагласува индивидуалноста. Во Дона Карен навистина можете да бидете себе си, сподели Делевин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.