Вечерва (17,15 часот) во Барселона во салата „Палау Сант Жорди“ е финалето на 23. рСветско првенство за ракометари, а за златото ќе се борат домаќинот Шпанија и европскиот првак Данска.
Бронзата на мундијалот вчера ја освои Хрватска, која во мечот за 3. место ја победи Словенија со 31-26. На последното СП во Шведска пред две години, Данска загуби од Франција. За двете репрезентации ова ќе биде шести меѓусебен дуел на шампионатите. Данска има четири победи, а Шпанија само една.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.