Продолжуваат штрајковите во Грција. По штрајкот на вработените во градскиот транспорт во Атина оваа недела, во следната се најавени нови протести, објави весникот „Катимерини“.
Ќе штрајкуваат лекарите, медицинските сестри и вработените во поморскиот сообраќај.
На 31 јануари лекари и останати вработени во државни болници ќе организираат 24-часовен штрајк заради плановите на владата за реорганизација во здравствениот сектор.
В петок на 1 февруари, синдикатот на државната администрација објави запирање на работата заради протести против реформите во здравството.
Вработените во поморскиот сообраќај ќе организираат 48-часовен штрајк од четврток бидејќи сметаат дека плановите на владата во сферата на поморскиот сообраќај ќе предизвикаат загуба на работни места.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.