| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжуваат штрајковите во Грција

Продолжуваат штрајковите во Грција. По штрајкот на вработените во градскиот транспорт во Атина оваа недела, во следната се најавени нови протести, објави весникот „Катимерини“.

 Ќе штрајкуваат лекарите, медицинските сестри и вработените во поморскиот сообраќај.

На 31 јануари лекари и останати вработени во државни болници ќе организираат 24-часовен штрајк заради плановите на владата за реорганизација во здравствениот сектор.

В петок на 1 февруари, синдикатот на државната администрација објави запирање на работата заради протести против реформите во здравството.

Вработените во поморскиот сообраќај ќе организираат 48-часовен штрајк од четврток бидејќи сметаат дека плановите на владата во сферата на поморскиот сообраќај ќе предизвикаат загуба на работни места. 

Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top