| четврток, 6 декември 2018 |

И ВМРО-ДПМНЕ со честитка за Рамазан Бајрам

VMROВМРО-ДПМНЕ им го честита големиот муслимански празник Рамазан Бајрам на сите граѓани на Република Македонија, припадници на муслиманската вероисповест без разлика на нивната етничка припадност.

– Им посакуваме празникот да го поминат во семејна радост, хуманост и хармонија, меѓу своите пријатели и соседи, со најискрени желби за успех и напредок. Деновите поминати во празнична радост се и денови кога се јакнат општоприфатените вредности на толеранција и меѓусебно разбирање.

Овие денови се најдобар миг да ги зацрвстиме нашите вековни принципи на градење на мултиконфесионална и мултиетничка Македонија, во која нашите граѓани од секогаш знаеле да живеат едни со други, а не само едни покрај други, без разлика на нивната верска или етничка припадност, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top