Индонезиски авион со 110 патници излетал од пистата откако удрил во крава при слетувањето на аеродромот Горонтал, на островото Сулавези. Локалните власти соопштуваат дека нема повредени патници.
-Кравата загина откако беше прегазена од едно од тркалата на авионот – изјавил директорот на аеродромот Агус Прамука.
Се работи за авион од типот Боинг 737-900 на компанијата „Lion Air“ што полетал од Џакарта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


