| четврток, 6 декември 2018 |

Политичката криза во Бугарија ги компликува односите со Македонија

kovacevПолитичката криза кај соседот  го забавува процесот  Скопје и Софија да ги средат решат недоразбирањата.  Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за Канал 5 вели дека состојбата во Бугарија и натаму му е неизвесна, владата на премиерот Орешарски  е на кревки нозе и во секој момент може да капитулира. Ваквите сценарија воопшто не и одат во полза на Македонија особено што бугарија ги условува преговорите со Европската унија инсистирајќи да се потпише договор за добро соседство.

– Се разбира дека политичката криза не допринесува за побрзо да се решат проблемите. Во Бугарија имаше избори кои не донесоа  јасно парламентарно мнозинство, односно  доверба на граѓаните. Политичката криза во Бугарија  може да го забави потпишувањето на договорот за добро соседство.  Владата на Орешарски е на кревки нозе, нестабилна без поддршка во Бугарија, моето мислење е дека ќе има наскоро избори во Бугарија, колку побрзо тоа е подобро, вели Ковачев.

Состанокот пред  три недели  во Ќустендил меѓу двете влади  што се одржа на иницијатива на Македонија според Ковачев е добар сигнал за добрососедската политика, сепак тој додава дека без заедничко славење на хероите од минатото  не може да очекуваме нивната поддршка во Брисел. Македонија останува заложник на политичката криза во Бугарија,  се до наредната година кога  би се одржале  нови парламентарни избори, дотогаш нема да имаме ма сериозен партнер за разговори. Претходно неколку пати македонски и бугарски претставници се среќаваа за да ја исцртаат отворените прашања.   Што се однесува до проблемот со името бугарскиот европратеник е воздржан за политика на Грција,  не сакаше  да го коментира  Самарс и неговото одбивање за директна средба со Груевски за да го решаваат проблемот на повисоко политичко ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top